Денес го добивме конечниот редослед од 5-та до 8-та позиција на СП во Катар.
5. Данска
6. Хрватска
7. Германија
8. Словенија
Шпанија, Полска, Данска, Хрватска и Германија обезбедија место во квалификациите за Олимписките игри, а последниот патник ќе биде поразениот од утрешното финале меѓу Франција и Катар. Додека репрезентацијата на Словенија е таа која ќе чека како резерва можност за место во квалификациите за ЛОИ во Бразил 2016, откако во натпреварот за 7-то место денес загуби од Германија.
Резултати од денешните натпревари:
- Словенија 27:30 Германија
- Данска 28:24 Хрватска