Денес е последниот ден од СП во Катар, во кој се одиграат два натпревари.

Најпрвин таканареченото мало финале, во кое репрезентациите на Полска и Шпанија ќе се борат за бронзата на ова СП. Натпревар во кој сите очекуваме победа на шпанците, но да не ја потценуваме репрезентацијата на Полска која видовме дека е квалитетна и дека може да направи изненадување.

Финале во кое никој не очекуваше дека ќе го гледам домаќинот Катар, кој успеа за прв пат да биде дел од едно големо финале во историјата на СП. Што само по себе, веќе они го достигнаа најголемиот успех до сега, но имаат шансда го направат уште поголем, ако ја победат денес големата Франција. Која денес е голем фаворит, откако ја победи репрезентацијата на Шпанија во полуфиналниот натпревар.

Навидум (не)интересни натпревари, со веќе познати победници, но останува да ги проследиме и уживаме во ракометот кој ќе ни го прикажат.

Распоред на натпревари:

14:30 Полска – Шпанија
17:15 Катар – Франција