На вториот натпреварувачки ден, сите преостанати 22 репрезентации ќе ги имаат своите први настапи. Значи на програмата се дури 11 мечеви од сите групи. Покрај, за нас секако најважниот дуел, Македонија – Тунис, кој почнува од 15:00 часот, издвојуваме уште неколку мечеви.
Група Б: Хрватска – Австрија. Хрватска е еден од фаворитите на шампионатот, но Австрија навистина сериозно работи и напредува во изминативе години. Дополнително, во подготвителниот период забележаа неколку добри резултати, па ќе биде интересно да се види колку се навистина квалитетни.
Група Ц: Шведска – Исланд. Шведска е голем фаворит на овој меч, но Исланд е репрезентација со долга традиција и со неколку феноменални поедници и не смее да се отпише од било кој меч.
Група Д: Полска – Германија. Овој меч е дефинитивно дербито на денот. Овие две репрезентации се сретнаа и во плеј-оф дуелот, кога Полјаците ги елеминираа големите фаворити, репрезентацијата на Германија. Откако по добро познатите настани, Германците сепак добија право на учество со вајлд карта, ждрепката сакаше овие два ракометни гиганта да се сретнат веќе на отварањето на шампионатот.
Целокупниот распоред за денешниот, втор натпреварувачки ден е следниот:
Група А
15:00 Словенија – Чиле
15:00 Шпанија – Белорусија
Група Б
13:00 Босна и Херцеговина – Иран
15:00 Македонија – Тунис (пренос на МРТ)
17:00 Хрватска – Австрија (пренос на МРТ)
Група Ц
17:00 Алжир – Египет
19:00 Франција – Чешка Република
19:00 Шведска – Исланд
Група Д
13:00 Русија – Саудиска Арабија
17:00 Полска – Германија
19:00 Данска – Аргентина