Ракометниот клуб Пелистер од Битола секогаш бил расадник на квалитетни ракометари. Голем дел од репрезентативците на Македонија во минативе 20 години или потекнуваат или пак се афирмирале токму во Пелистер. Од Пепи Манасков, Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, па се до Стефче Стефановски, Кире Поповски, Игор Николовски, Александар Зарков, Томче Петревски и други. Сите тие во еден дел од кариерата беа дел од Пелистер. И иако овој клуб сега е далеку од сјајот од минатото, тој сеуште произведува извонредни ракометари. Еден од нив е и младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки, кој во разговор со МакРакомет, раскажува за себе, за репрезентацијата, за Пелистер..

stefan_drogriski_pelister

1. Стефан, кажи ни нешто за твоите ракометни почетоци? Дали ракометот од секогаш бил твојот омилен спорт или како и повеќето, прво започна со фудбал? Кoј или штo е причинaтa зa дa пoчнеш дa се зaнимaвaш сo рaкoмет? Oд кaде љубoвтa кoн oвoј спoрт?
Најпрво започнав да се занимавам со фудбал, потоа кошарка за на крај да го изберам ракометот. Не знам што беше причината, но овој спорт го сфатив поинаку од останатите, се пронајдов во него и со голема поддршка од фамилијата започнав да се занимавам активно со овој спорт.

stefan_drogriski1
Име и презиме Стефан Дрогришки

2. Тешко ли е да ги избaлaнсирaш тренинзите и спoртскиoт нaчин нa живoт сo “нoрмaлниoт” живoт нa еден 20-гoдишник – излегувања, дружба, девојки :-)? Особено што Битола од секогаш важела за град со супер ноќен живот.
Секако дека можам, има периоди кога можеш малку да се опуштиш но и периоди кога треба да се посветиш на тоа што го работиш, и да се откажиш од некои работи како ноќниот живот, девојки и дружење. Секое слободно време максимално го користам да се релаксирам бидејќи спортот е напорен, а тоа ми помага да функционирам нормално. Овие две работи треба само да се избалансираат правилно и нема да имаш никакви проблеми.

3. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометари чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено ме интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
Немам идоли, но пратам ракомет и гледам од кој може да се научи нешто повеќе, а тоа што е добро се трудам да го применам на теренот.

4. Дел си од јуниорската репрезентација на Македонија. Ни донесовте радост со пласманот на ЕП, но истовремено ги подигнавте очекувањата за во иднина. Иако немавте забележителен успех на ЕП, кое е твоето лично мислење за квалитетот на оваа генерација? Тука во едно ја ставам и една година помалите од вас (кадетите) кои исто успеаа да се пласираат на ЕП.
Пред се направивме добар успех пред извесно време со пласман на едно големо натпреварување и потврдивме дефинитивно дека има потенцијал во овие две репрезентации. Иако не направивме резултат на претходните Европски првенства убеден сум дека тоа не е правилното лице, можеби и неискуството од вакви натпреварувања си го направи своето, но сметам дека ова генерација не го кажала последниот збор и дека во иднина можеме да очекуваме повеќе.

5. Сега следат квалификациите за светското јуниорско првенство. Имаме ли шанси за пласман на СП? Имаш ли некои информации за противниците?
Секако дека имаме, доколку се подготвиме добро. Напоменав дека можеме да играме со секој, па се надевам дека можеме до пласман на уште едно големо натпреварување. За противниците немам некој информации, но сум сигурен дека тоа ќе бидат противници слични на нас.

6. Можат ли македонските ракометни фанови да бидат мирни кога е во прашање иднината на репрезентацијата? Имено, вo нaреднивте 2-3 гoдини oд тебе и твoите врсници се oчекувa дa бидете клучни игрaчи вo мaкедoнскaтa рaкoметнa репрезентaцијa, па не интересира дали сте подготвени за предизвикот?
Се надевам дека можат да бидат мирни бидејќи со нетрпение го очекуваме тој предизвик, се надевам дека можеме да одговориме на тој предизвик.

7. Стефан, ти си еден од малкумината ракометари од новиот бран македонски спортисти кои во моментов не настапува во Скопје. Настапуваш во Пелистер кој е синоним за македонскиот ракометен успех се до пред 10-тина години, а особено во 90-те. Може ли Пелистер да се врати на победничките патеки?
Моментално Пелистер е далеку од тоа што беше некогаш, но сепак ништо не е невозможно. Најпрво треба финасиски и организациски да се средат некои работи, па потоа би можело да се очекуваат некои по значителни резултати.

8. Следи СП во Катар. Како ги цениш шансите на нашата репрезентација на овој шампионат?
Искрено,имам големи очекувања од оваа репрезентација, бидејќи сметам дека ја достигна таа зрелост и го има искуството од големите натпреварувања. Сметам дека по успехот во Србија можеме да се надеваме на уште едно добро првенство и време е да направиме нешто големо.

9. За крај, да видиме колку си добар прогнозер – твоја прогноза за распределбата на медали на ова СП и за пласманот на МК.
Во топ 3 би ги вметнал Франција, Шпанија и Данска, но зошто и да не им ги замрсиме плановите на некоја од овие репрезентации и да би се закитиле со медал. Чуда се случуваат во спортот.

Датум на раѓање 09.09.1994
Место на раѓање Битола
Висина 193
Тежина 90
Позиција на која настапува Лев/Среден бек
Прв клуб
Пелистер
Сегашен клуб
Пелистер
Тип на музика
Слушам се што е добро
Хоби или интерес за нешто различно од ракометот
Play station
Кога не би бил ракометар би бил Сигурно нешто поврзано со спортот