Поранешниот ракометар на Металург, Стефан Петровски е еден од повеќето македонски ракометари кои отидоа на печалба во странство, овојпат станува збор за екипата на РК Вуштриа, од Косово. Еден од македонските талентирани ракометари, со кој МакРакомет разговараше за неговите почетоци и новата средина, како и за неговите идоли и секојдневието.
1. Стефан, кoј или штo е причинaтa зa дa пoчнеш дa се зaнимaвaш сo рaкoмет? Oд кaде љубoвтa кoн oвoј спoрт?
Па искрено, бев дете што се радуваше на се, но најдраг подарок на кој се сеќавам од детството и омилена играчка со која го поминував речиси цел ден беше ракометната топка (која ја добив на мојата 5-та година). Кога бев петто одделение во училиштето имавме посета од ракометниот клуб Металург, тоа беше одлична шанса да започнам да тренирам ракомет, а воедно и задоволство да се биде ученик во еден доста авторитетен клуб :-)
2. Успеваш ли да ги избалансираш тренинзите и спoртскиoт нaчин нa живoт сo “нoрмaлниoт” живoт нa еден млад човек – излегувања, дружба, девојки?
Моето мото е – кога се сака, се се може … по природа сум доста дружељубив човек, така што наоѓам време и за другарите, семејството, пријателите, роденините и секако мислам дека најголемо внимание треба да се посвети на понежниот пол :-)
3. Играш на позицијата пикер, што бара малку поинакви предиспозиции од сите останати ракометни позиции – цврстина, снаодливост и добра прегледност на голот. Според мене, тоа е најатрактивната позиција. Има ли играчи на таа позиција кои ти се идоли т.е некој од кој учиш кој те инспирира да напредуваш?
За било која професија да се работи, мислам дека секој има или мора да има свој идол или поточно кажано мотиватор да учиме, да се бориме да бидеме се подобри и подобри од тоа што сме, со желба да го надминеме тој наш идол … Секако дека и јас имам свој идол, а тоа е Андреас Нилсон пикерот на Веспрем.
[one_third][/one_third]
4. Која беше причината што замина во РК Вуштрија (Косово)? Како се снајде таму? Ако може да ни дадеш мала споредба со лигата таму и македонската супер лига.
Добив доста примамлива понуда која влијаеше на одлуката да започнам да играм за клубот. Што се однесува на колегите од тимот, а и општо на населението од Вучитрн може да кажам дека се доста гостопримлив народ, распoложен за дружба. Да направам споредба хм…. македонската суперлига е многу подобра, би бил нереален ако го кажам спротивното :-)
5. Како е животот таму, споредливо со животот во Македонија?
Моментално живеам во градот Вучитрн, мало градче, посмирен ноќен живот во споредба со Скопје. Како што кажав жителите се гостопримливи, навистина ме направија среќен што се задоволни од мене како играч во нивниот тим, така што веќе после втората утакмица почнаа да ме поздравуваат каде и да ме сретнат, било да е на улица, кафич, ресторан.
6. Дотолку ти биде понудено за да играш во некој македонски клуб, дали би прифатил и би се вратил во Македонија?
Кога би имал понуда, секако дека би прифатил да се вратам и да играм за мојата држава.
7. Што може да те изнервира најмногу за време на натпревар?
За време на натпревар искрено можат да ме изнервираат избрзани шутови и себичност во тимот, кога сопствениот успех и докажувањето се ставаат пред успехот на тимот. Нели ние сме тим, треба да играме сите за еден – сите за тимот.
8. Можат ли македонските ракометни фанови да бидат мирни кога е во прашање иднината на репрезентацијата? Имено, вo нaреднивте 2-3 гoдини oд тебе и твoите врсници се oчекувa дa бидете клучни игрaчи вo мaкедoнскaтa рaкoметнa репрезентaцијa, па не интересира дали сте подготвени за предизвикот?
Секој од нас се труди да придонесе за победа. Најголема победа е насмевката и задоволството на лицата на нашите фанови, но и публиката треба да не разбере, да не сака и кога победуваме и кога по малку грешиме. Поддршката на публиката е најголема мотивација да бидеме подобри на следната утакмица.
[two_fourth]
Име Презиме | Стефан Петровски | Позиција на која настапува | Пикер |
---|---|---|---|
Датум на раѓање | 08.02.1994 | Прв клуб | РК Металург |
Место на раѓање | Скопје, Р.Македонија | Сегашен клуб | РК Вуштриа |
Висина | 188см | Тип на музика | Се што е добро :-) |
Тежина | 95кг | Хоби или интерес за нешто различно од ракометот | Гледање филмови |
9. Ако дојдеме сега кај тебе дома и го отвориме фрижидерот, што ќе најдеме во него?
Kај машко кое живее само, што мислите што можете да најдете ??? :-) макарони, макарони и само макарони.
10. За крај, што ќе им порачате на читателите на МакРакомет?
На читателите им препорачувам да бидат свои, секогаш да се борат за она што го сакаат, да не се откажуваат и храбро да ги поминат сите препреки и падови во животот.