2. Како успеваш како млад човек да избалансираш живот на еден професионален спортист со она што е да речеме “нoрмaлнo” за еден 20-гoдишник – излегувања, дружба? :-)
Па како професионален спортист и немам многу слободно време. Ракометот ми е на прво место, одам на тренинзи тренирам, следуваат натпревари, а после тоа е слободното време. Слободното време го користам да бидам заедно со семејството и пијателите.
3. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометари чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено ме интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
Ракометен идол ми е ракометарот на Веспрем, Момир Илиќ и ја имав таа чест да играм против него. Неговата страшна игра ми е мотивација за да напредувам и еден ден да станам вистински лидер каков што е токму тој.
4. На кој начин се подготвуваш за мечевите? Имаш ли некои ритуал?
Секогаш еден ден пред натпреварот сакам да сум сам, да си размислам за натпреварот што следува за противникот и на тоа целосно да се фокусирам. На денот на натпреварот се трудам максимално да се сконцентрирам и со самото влегување во салата се е заборавено и се размислува само за ракомет. Некои посебни ритуали немам, едноставно излегувам на теренот со „ладна глава“ и секако ги слушам советите од тренерот :-)
5. Со оглед на вашата млада екипа, слободно може да кажеме дека одигравте едно одлично првенство оваа сезона, со што заслужено се пласиравте на 4-та позиција, која ве води Европа, поточно во Челинч Купот. Кои се твоите очекување во ова натпреварување?
Со големиот труд и напорната работа сметам дека сосема заслужено обезбедивме пласман во Челинџ Купот. Сето тоа го посакувавме на почетокот на сезоната и ете го остваривме. Моите очекувања се да поминеме две кола во тоа натпреварување и се што ќе постигнеме над тоа ќе биде многу голем успех за нас
6. Кога сме кај твоите колеги од клубот, со кој се разбираш најдобро на, но и вон теренот? Се дружите ли и надвор од клубот?
Со сите соиграчи се согласувам како на теренот, така и надвор од него. Можам да кажам дека одлично се согласуваме не само во нашата екипа, туку и со другите ракометари од другите екипи :-)
7. Дали си посакал да играш на друга позиција?
Освен на мојата лева бековска позиција, не сум посакал да играм на друга некоја. Имало ситуации во кои сум играл и централен бек и десен бек, дури и како пивот. Но, секако кога се наоѓам во такви ситуации се трудам да изиграм најдобро без оглед на која позиција се наоѓам во моментот.
8. Имавте шанса да се сретнете на теренот со унгарскиот гигант Веспрем, кој играше во финалето во Лигата на шампионите оваа година. Какво е чувството да играш против големиот Веспрем?
Веспрем е вистински гигант и професионална екипа во секој поглед. Чувството да играш против таква екипа не можам да го опишам. Тоа се натпревари од кои ние младите ракометари највеќе учиме.
9. Кои се амбициите на клубот за претстојната сезона? Се планираат ли нови засилувања?
Се уште не се познати, а за засилувањата во новата сезона немаме никакви известувања.
10. Како и секогаш доаѓа време за смена на генерациите, конкретно говорам за македонската сениорска репрезентација. Како гледаш на потенцијалот кај вас, младите ракометари?
Како и во секоја репрезентација со текот на годините доаѓа промена на генерацијата. Што се однесува до нас младите ракометари, мислам дека имаме потенцијал и дека можеме достојно да ги замениме сегашните репрезентативци.
11. Следно е ЕП во Полска. Како ги цениш шансите на нашата репрезентација на овој шампионат?
Искрено сметам дека репрезентацијата на Македонија може да стигне до Топ 8.
12. Кое е твоето мото?
САКАМ, МОЖАМ И ЌЕ УСПЕАМ!
|