Вчера, Вардар ја покажа својата моќ и на најдобар можен начин ја отворија новата сала „Јане Сандаски“. Со убедлива победа над рускиот Чеховски Медведи.

Стојанче Стоилов не го криеше своето задоволство од целата атмосфера во салата „Јане Сандаски“, и самоуверено изјави:

„Навистина ова е нешто прекрасно. Пред дуелот малку стравувавме како ќе се адаптираме во новата сала, но со првото стапнување на паркетот веднаш сфативме дека ова е навистина нашиот нов дом во кој сигурен сум ќе паѓаат многу европски екипи“ – изјава Стоилов.

„Имавме одлично отварање во нашиот нов дом. Најважно е што продолживме со победничката серија и мислам дека и понатаму ќе продолжиме во ист стил. Сега не чекаат потешки натпревари но подготвени сме буквално на се“ – дополни Стојанче Стоилов.