Во пресрет на вечерашниот натпревар репрезентативецот Стојанче Стоилов најави дека „црвено-црните“ ќе сторат се за да слават над унгарскиот гигант, со што би си ја кренале и самодовербата во пресрет на завршниот турнир од регионалното натпреварување.
„Ова е натпревар без никаков притисок, но Вардар е Вардар, играме дома пред наша публика. Зборувам во името на целиот тим кога велам дека сакам да победиме, тие ни се должници и веќе не совладаа три пати сезонава, време е да им се одмаздиме и да стигнеме до прв триумф над унгарскиот првак“ – изјави Стоилов.
Извор: www.ekipa.mk