Во изјава за официјалниот сајт на првенството, македонскиот пикер Стојанче Стоилов беше порасположен и му оддаде должна почит на капитенот Кире Лазаров.
„Се чувствуваме благословени што играме заедно со Кире Лазаров. Дечкото е легенда, најдобриот стрелец во минатата декада на светско ниво. Тој е „убиец“ кој може да постигне гол од секоја позиција, во секој момент, против секој противник“ – изјави Стоилов.