Руската интернационалка во ЖРК Вардар, Татјана Хмирова утре заминува на операција на десното рамо, проблем што подолго време ја мачи. Хируршката интервенција ќе биде извршена во Хрватска, за после операцијата дополнително ќе се знае колку ќе трае периодот на рехабилитација, пренесува официјалниот веб сајт на клубот.
Да потсетиме, дека пред неколку дена беше објавено дека Алисон Пино имаше операција на левото колено, која ќе ја оддалечи од ракометните терени околу два месеци. Со што може комотно да се каже дека двете ракометарки на ЖРК Вардар ќе ја пропуштат првата фаза од Лигата на шампиони.
Викендов ЖРК Вардар ќе гостува во Подгорица кај Будуќност, во првото коло до Лигата на шампионите. Покрај Будуќност и ЖРК Вардар, во истата група се уште Турингер и Подравка. Првите три екипи ќе продолжат во следната фаза.
МакРакомет им посакува побрзо заздравување и враќање на тренинзите, на двете ракометарки! #СоСрцеЗаВардар