Македонската јуниорска репрезентација претрпе тежок пораз на првиот натпревар од квалификациите за СП во Бразил. Загубивме убедливо од репрезентацијата на Чешка со 11 гола разлика, 33:22 (14:12). Пораз која не врати во реалноста, пораз со кој ни укажува дека треба уште многу напорна работа за да се постигнат големи успеси, дека само квалитетни играчи не е доволно.
Првото полувреме делумно рамноправно го изиграа нашите ракометари, повторно со неколку технички грешки, но за наша среќа заврши со само 14:12 за Чешката репрезентација. За да потоа во второто полувреме нашите ракометари да имаат катастрофален пад во играта и да дозволат на ракометарите на Чешка да направат серија од 8:1, за 19:27 во 50-та минута. Со што само рутински го завршија натпреварот со конечни 22:33.
Најефикасни во нашиот состав беа Манасков со 6 погодoци и Дрогишки со 4 погодоци.
Следен натпревар е веќе утре против репрезентацијата на Полска, со почеток од 18:00 часот.