Тимур Дибиров се најде во тимот на 9-то коло во ЛШ откако беше најзаслужен за победата на Вардар над Монпелје, каде постигна 12 гола и беше предводникот на Вардар во новата победа.

Одличниот настап го смести Дибиров во тимот на колото. Ова е трето вакво признание за Русинот оваа сезона.

Тимот на колото:

Лево Крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Сергеј Бурка (Мотор Запорожје)
Среден бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Пивот: Хулен Агинагалде (Кјелце)
Десен бек: Јохан Јакобсен (Фленсбург)
Десно крило: Дмитри Ковалев (Чеховски медведи)
Голман: Родриго Коралес (Висла Плок)