Денес со почеток од 18:30 часот во спортската сала “Македонско Сонце” во Скопје, екипите на Тинекс Пролет и ГРК Борец, ќе го отворат третото коло од машката ВИП Супер лига.
ГРК Борец ќе атакува на трета победа по ред во низа, со што би избиле на врвот на табелата, заедно со екипата на Металург. Ракометарите се свесни за овој тежок натпревар, но се оптимисти дека можат да одиграат на едно високо ниво, со што би се вратиле во Велес со нови три бода.
„РК Тинекс Пролет е одлична и воиграна екипа и ќе не очекува навистина тежок и цврст натпревар. Како и досега секако одиме и се надеваме на победа“ – изјави младиот голман на ГРК Борец, Огнен Трајковски
За разлика од ГРК Борец, во таборот на Тинекс Пролет, после лошата игра и убедливиот пораз (30:21) нагости во Битола од РК Пелистер во последното коло, се очекува на овој натпревар да се вратат на старите патеки и издвојат втората победа во првенството.
Судии на натпреварот се Кркачев и Колевски, а директен пренос ќе може да проследите на Собраниски Канал.
3-то коло натпревари:
- Прилеп 2010 – Металург 2
- Тинекс Пролет – ГРК Борец
- Вардар Јуниор – РК Пелистер
- РК Работнички – РК Радовиш
- Охрид 2013 – РК Металург (одложен за 14-ти октомври)