Ракометарите на Веспрем вo недела во Скопје ќе му гостуваат на Металург во рамките од СЕХА-лигата, а посетата на еден од најмоќните европски ракометни колективи ја искористија и челниците на Тинекс Пролет, кои договорија да одиграат пријателски натпревар против унгарскиот џин. Овој натпревар ќе се игра на 15 декември (понеделник), со почеток во 19 часот, со директен пренос на Собранискиот канал.

„Сите добро знаеме кој е Веспрем, а овој меч ќе биде одлична можност за нашите ракометари да се сретнат со играчи од самата светска елита. Горди сме што ќе бидеме домаќини на еден ракометен џин како Веспрем“ – изјавуваат од раководството на Тинекс Пролет.

Мечот меѓу Тинекс Пролет и Веспрем ќе се игра во салата „Македонско сонце“ во скопската населба Пролет, а влезот ќе биде слободен.

Текстот е превземен од www.ekipa.mk