Оваа година го гледаме најинтересното и најнеизвесното првенство, со оглед на пресвртите и борбата за излез во Европа на македонските екипи.

Вчера во дербито на колото, прилепчани не успеа да издвојат победа над ракометарите на Тинекс Пролет на домашен терен. Победа која ќе ги однесеше на 4-то место на табелата. Гостите од Скопје им ги поматија сметките и се изборија за нерешен резултат 25:25 (12:14), со што коцката се префрли на нивна страна. Со овој голем бод сега Тинекс Пролет е на чекор до Европа, бидејќи се на 4-та позиција со еден бод помалку од РК Прилеп, а веќе следното последно коло Прилеп ќе му гостува на Вардар, а Тинекс Пролет ќе ја пречека екипата на Металург.

Најефикасни на натпреварот беа Јован Талевски и Пеце Ѓорѓиески со по 9 постигнати погодоци. Тинекс Пролет беше предводен од Ласко Андоновски и Филип Ролевски со по 5 постигнати погодоци.

Денес претпоследното коло ќе го завршат екипите на Вардар и Металург, натпревар во кој Металург ќе брка бод за избивање на втората позиција на табелата, кое носи во СЕХА-лигата.

Табела:

Место Екипа П Н П Поени
1 Вардар 8 0 0 24
2 Металург 6 0 2 18
3 Зомимак-М 6 0 3 18
4 Тинекс Пролет 2 1 6 7
5 РК Радовиш 2 0 7 6
6 Прилеп 2010 1 1 7 4