Македонската младинска репрезентација со пораз го заврши учеството на ракометниот турнир што се одржа викендов во Дабас, Унгарија. Репрезентацијата на Македонија одигра 3 натпревари и нанижа 3 порази. Во првиот натпревар против репрезентацијата на Хрватска, нашите млади ракометари беа убедливо совладани и надиграни 26:17. Потоа следуваше натпревар против селекцијата на Норвешка, која беше пресилна за нас и не порази,а крајниот резултат од оваа средба беше 33:28. Турнирот го завршија со уште еден пораз овој пат од домаќинот Унгарија, совладувајќи не со високи 35:26. Оваа репрезентација претходно настапи на меѓународниот турнир во Бугојно, БиХ каде што и таму имаше 5 од 5 – порази.

По завршувањето на овој турнир во Унгарија, нашата репрезентација нанижа 8 порази по ред. Бидејќи тие се иднината на нашиот ракомет,потребно е да се запрашаме: „Што не е во ред?“ и „Кој е главниот виновник за сето тоа?“