Македонскиот селектор, Влатко Неделковски денеска го соопшти конечниот список од 16 ракометари кои ќе се најдат на квалификацискиот турнир во Полска, но на списокот повторно го нема Марко Неловски, кој може слободно да го наречеме трагичар, поради тоа што и овојпат ќе ги пропушти квалификациите како и што го пропушти ЕП во Полска летово, поради повреда.
Ракометарот на Металург не успеа навреме да се опорави од повредата, па токму тоа е главната причина што нема да настапи на квалификацискиот турнир кој на програмата е од 9-ти до 11-ти Јануари, во Островјец. Јуниорите покрај домаќинот Полска ќе ги имаат и репрезентациите на Чешка и на Франција. Само првата репрезентација од групата обезбедува пласман на мундијалот, а нашите ракометари стартуваат со дуелот против Чешка во петок.
Распоред на натпреварите:
На 09.01.2015, Македонија – Чешка од 16:00 часот.
На 10.01.2015, Полска – Македонија од 18:00 часот.
На 11.01.2015, Франција – Македонија од 12:00 часот
Конечен список на ракометари за квалификацискиот турнир:
Голмани:
Ивановски Филип (Вардар Јуниор),
Трајковски Огнен (Работнички)
Даниловски Никола (Металург 2)
Леви крила:
Палевски Давор (Металург)
Маџовски Бојан (Металург)
Десни крила:
Рајатовски Пеце (Пелистер 08)
Поповски Мартин (Вардар Јуниор)
Леви бекови:
Маџовски Борјан (Металург)
Дрогришки Стефан (Пелистер 08)
Кузмановски Филип (Пелистер 08)
Ангелов Иван (Вардар Јуниор)
Талевски Филип (Металург).
Средни бекови:
Талески Јован (Прилеп 2010)
Манасков Мартин (Металург)
Десни бекови:
Велковски Мартин (Металург)
Пикери:
Костовски Кристијан (Вардар Јуниор)