Во рамките на 4-тото коло од машката ВИП Супер лига, кое започнува денес ќе се сретнат екипите на ГРК Борец и РК Вардар Јуниор. Домаќин на овој натпревар е составот на ГРК Борец. Натпреварот е закажан за денес со почеток во 18 часот и ќе се одигра во големата спортска сала во Велес. За очекувањата за овој натпревар, поразговаравме со голманот на ГРК Борец, Огнен Трајковски.

„Не очекува еден доста тежок натпревар против екипата на Вардар Јуниор. Станува збор за екипа која е сплет на младост и искуство и екипа која во својот состав има неколку младински и сениорски репрезентативци на Македонија, па токму затоа тие можеби имаат и блага предност и фаворитска улога. Меѓутоа, јас верувам дека со тимска игра и со безрезервна поддршка од нашите навивачи можеме да дојдеме до позитивен резултат на овој натпревар“ – изјави Трајковски.

Директен пренос од овој натпревар ќе има на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.