Ракометарките на ЖРК Вардар синоќа во натпреварот со Будуќност одиграа нерешено 24:24, но голем хендикеп за македонскиот тим беше повредата на една од најдобрите ракометарки Андреа Лекиќ во првите минути од натпреварот.

Лекиќ се здоби со дисторзија на скочниот зглоб, што не е некоја голема повреда. Но сепак ќе мора да паузира 3 недели, со што ќе го пропушти следниот натпревар против екипата на Турингер.

Андреа Лекиќ преку својот официјален твитер профил денеска се заблагодари на поддршката најавувајќи дека се враќа за неколку седмици…

„Ви благодарам на сите за поддршката. Ќе бидам добро во следните неколку седмици“ – напиша Лекиќ.

andrea_lekic2