Втор меч и втора победа за македонскиот национален ракометен тим на двомечот со Израел. По тесната победа 39-37 на неделниот меч, на вториот меч се покажа разликата во квалитет, па Македонија извојува лесна победа од 42-32.

На мечот кој се одржа зад затворени врати, без присуство на публика, македонската репрезентација одигра уште еден неверојатно ефикасен натпревар, што само може да го радува и селекторот Обрван, но и целокупната ракометна јавност. Знаејќи дека во минатото Македонија имала проблеми токму на овој план, овие два меча влеваат доза на оптимизам дека на престојниот шампионат, нашата репрезентација нема да има проблеми на тој план. Како и на првиот меч, и овој пат голем број играчи се запишаа во листата на стрелците. Дури 14 играчи постигнаа погодоци, од кои најефикасен беше Дејан Мансков со 7 погодоци, пред капитенот Лазаров со 6.

И, ако нападот oхрабрува, очигледно е дека ќе мора да се работи на играта во одбрана. Но има време. Цели 17 дена до почетокот на шампионатот, се повеќе од доволно време, да се подобри играта и на ова поле.
Следи неколкудневна пауза, по која репрезентативците ќе имаат нов собир за дополнително подигање на формата, за што поподготвени го дочекаат почетокот на Светското првенство во Катар.