Металург на нивниот официјален сајт информираат дека утре, со почеток во 12 часот, почнува продажбата на поединечните влезници за натпреварот Металург – Кил.
Влезниците ќе се продаваат во продажните салони на “ОНЕ”, во Скопје и низ Македонија, како и онлајн на www.karti.com.mk
Сите оние што ќе купат онлајн-влезници, ваучерите ќе можат да ги заменат во билетарата на СЦ Борис Трајковски на денот на одржување на натпреварот, в сабота, 18 октомври, од 15 часот.
Цени по категории:
1. Блокови: Б7, Б8 и Б9 по цена од 200 денари.
2. Блокови: Б5, Б6, Б10 и Б11 по цена од 300 денари.
3. Блокови: Б2, Б3, Б4, Б12, Б14, Б15, М7, М8 и М9 по цена од 400 денари.
4. Блокови: М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 по цена од 500 денари.
Од утре почнува и промената на дополнетително купените блок-влезници за пластични картички. Промената ќе се врши до петок, 17 октомври, од 10 до 15 часот во просториите на РК Металург во СЦ Борис Трајковски.
Натпреварот Металург – Кил ќе се одигра на 18 октомври (в сабота), со почеток во 21:00.
Веста е превемена од www.rkmetalurg.mk