Нашиот капитен Кире Лазаров со својата Барселона ја продолжија победничката серија во Шпанија и со денешната победа над Гранолјерс (37:26) обезбедија нов трофеј во шпанскиот ракометен куп.
Натпреварот Лазаров го заврши со 3 погодоци, со што си додаде уште еден трофеј во неговата богата кариера, трет трофеј во ова натпреварување.