На 7-от натпреварувачки ден на СП во Катар, Македонија го игра мечот од четвртото коло. По трите победи, денес не очекува деби дуелот со репрезентацијата на Хрватска. Во пресрет на тој меч, македонските фанови гласаа на анкетата поставена на веб страната на www.makrakomet.mk и го дадоа своето мислење околу очекувањата од овој меч.
Според резултатите, и овој пат преoвлaдувa мислењетo (пoлoвинa oд aнкетирaните) декa Мaкедoнијa ќе зaбележи нoвa пoбедa, четвртa пo ред нa шaмпиoнaтoт. Другиот дел од анкетираните очекува неизвесен натпревар, поделени мислења … 21% за тесен пораз и 18% за нерешен резултат.
Останува да видиме како ќе изиграат нашите ракометари на овој натпревар, натпревар во кој за прв пат во историјата на македонскиот ракомет ќе играме за освојување на прво место во фазата по групи.
Мечот е со почеток во 17:00 часот, со директен пренос на МРТ 1.