На 5-от натпреварувачки ден на СП во Катар, Македонија го игра мечот од третото коло. По двете сигурни победи, денес не очекува дуел со Босна и Херцеговина. Во пресрет на тој меч, македонските фанови гласаа на анкетата поставена на веб страната на www.makrakomet.mk и го дадоа своето мислење околу очекувањата од овој меч.

Според резултатите, и овој пат Македонците очекуваат триумф. За разлика од минатиот пат, сега според мнозинството анкетирани, не очекува тежок и неизвесен дуел, кој сепак треба да заврши со победа за Македонија. Дури 59% од испитаниците сметаат дека Македонија ќе забележи тесна победа, не поголема од 5 разлика. 37% сметаат дека и денес ќе бидеме сведоци на убедлива и сигурна победа изразена со разлика поголема од 5 голови.

Мечот е со почеток во 17:00 часот, со директен пренос на МРТ 1.