Македонскиот репрезентативец Филип Лазаров во пресрет на денешната шдрепка, за порталот Спортмедиа изјави дека од првиот шешир посакува да ги избегнеме репрезентациите на Франција и Шпанија, за разлика од Хрватска и Данска со кои мисли дека може да парираме.

Од вториот шешир се надева дека ќе ги избегнеме репрезентацииите на Полска и Унгарија, бидејќи на Полска е домаќин и одлична репрезентација која го докажа на последното СП во Катар, а репрезентацијата на Унгарија дека ќе биде предводена од Талант Душебаев. Со што според Лазаров, најдобро би било да ни се падне некоја од репрезентациите на Шведска и Исланд, репрезентации со кои би можеле да се носиме и надеваме на победи.

Во третиот шешир, едноставно било која репрезентација да ни падне, мора да ја победиме… дотолку сакаме добар резултат во групата и пласман понатака. Лазаров изјави дека Словенија ни е должник од Катар, но не е лошо да ја избегнеме. За разлика од другите репрезентации со кои несомнемо може да се носиме и издвојуваме победи.

Останува да видиме во 14:30 часот, кои противници ќе ни се паднат. Нема повеќе аутсајдери на ЕП, сите знаат да играат ракомет и видливо е дека многу други фактори играат улога за успех на една репрезентација.