По 12 години поминати во Металург, Филип Миркуловски го напушта клубот и се сели во Бундес-лигата, негова следна дестинација ќе биде Хановер.
Преку својата фејсбук страна популарниот „Жути“, на емотивен начин се прости со своите и со фановите на Металург.
„Не ми се веруваше дека некогаш ќе ги кажам овие зборови, „си заминувам од Металург“. После фантастични 12 години ова е крајот. Како вчера да беше кога дојдов во Металург, бев пресреќен, нешто што неможам да кажам сега кога заминувам. Ви благодарам на сите, за овие изминати години, за целата несебична подршка што ми ја дававте, без разлика дали беше на трибини или преку социјалните медиуми. Голем наклон за мојата омилена навивачка група Пирати. Заедно се радувавме на победите и заедно тагувавме на поразите. Се надевам дека еден ден ќе се вратам и повторно ќе излезам пред полн Борис Трајковски и повторно ќе го наполнам срцето. За сега можам да кажам дека заминувам, следна дестинација е Германија, Хановер, но ова нема да биде крај на мојата дружба со Вас, ќе продолжиме да се дружиме и од таму. Уште една Ви благодарам на сите. Само еден Металург!“
МакРакомет му посакува многу успех на Филип Миркуловски во новиот клуб, да не радува со неговите нови големи успеси!