Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски е одличен на стартот од новата сезона во екипата на Вецлар. Екипа која оваа година е едно од поголемите изненадувања во Бундес лигата, бидејќи во 9 одиграни кола има 6 победи.
Вечерва Вецлар триумфираше на гостински терен против Ајсенах со 25:29, каде нашиот ракометар Миркуловски одигра одлично во одбраната и нападот, каде постига 3 погодоци.
Најефикасен на натпреварот беше неговиот соиграч Штефен Фат со 5 постигнати погодоци.
*Вториот македонски ракомет кој игра во силната Бундес лига, Ацо Јоноски претрпе нов пораз со Бергишер, на домашен терен од составот на Балинген со 30-35.