Во пресрет на денешното македонско “дерби“ нашиот најталентиран ракометар Филип Талески најавува борбеност без оглед на ослабениот тим на Металург во сооднос на фаворитот Вардар. Голем предизвик и шанса да покажат младите ракометари на „плаво-белите“ да го покажат својот квалитет на овој натпревар.
Филип Талески: „Ние оваа сезона сме ослабени и ја немаме таа екипа како минатата година. Овој натпревар го играме со екипа која беше четвртфиналист во Лигата на шампиони. Вардар е фаворит во оваа средба, но ние поради тоа нема да имаме никаков притисок на овој натпревар. Наша цел денеска е да излеземе и да се бориме на терен, да покажеме што знаеме и умееме.“
Натпреварот започнува од 17:00 часот, со директен пренос на Собраниски канал.