По одиграното 6-то коло во Лигата на шампиони, ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ одигра послаба партија од вообичано што сме навикнати да гледаме, но сепак постигна 6 погодоци и со вкупно 49 погодоци се наоѓа на втората позиција на листата стрелци во ЛШ, пред незапирливиот МИкел Хансен од ПСЖ кој на вчерашниот натпревар против Веспрем постигна 11 погодоци, со кои се најде на врвот на оваа листа.
Ви ги претставуваме првите 5 стрелци:
- Микел Хансен (ПСЖ) 54 погодоци
- Јанко Божовиќ (Металург) 49 погодоци
- Габор Чазар (Шафхаузен) 47 погодок
- Кире Лазаров (Барселона) 45 погодоци
- Егер Магнусен (Ла Риоха) 44 погодоци
Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )