ЖРК Вардар Јуниор денес го игра првиот од двата натпревари од четвртфиналето во Челинџ купот. На домашен терен во СЦ ,,Јане Сандански“ со почеток во 18:30 часот, оваа млада екипа ќе се обиде да дојде до позитивен резултат со надеж за пласман во полуфиналето.
Во пресрет на овој историски натпрева за ЖРК Вардар Јуниор, тренерот Симовски го изјави следното:
,, Карпати ни е пречка за која имавме еден месец да се подготвиме и да ја премостиме. Голем успех и големо искуство е нашиот пласман во Челинџ купот. Карпати е екипа по мерка, бидејќи годиштето на ракометарките од Карпати е на исто рамниште како и нашата, но средниот бек кој е носител на играта и уште 2-3 ракометарки се повозрасни и поискусни. Но, ние трениравме и се подготвувавме напорно, прво да го одиграме натпреварот како што знаеме и умееме и потоа да можеме да се надеваме на повеќе.“
Трпковска: ,, Атмосферата во екипата е одлична, ќе се залагаме максимално, ќе се бориме за секоја топка и ќе го оставиме срцето на терен за оваа млада екипа да отиде што подалеку во Челинџ купот.“
Стојановска: ,, Ќе се обидеме да одиграме како што се подготвувавме изминатиов период, се надевам дека ќе ве израдуваме сите и дека ќе оствариме победа против екипата на Карпати.“
Директен пренос од овој натпревар можете да следите на МРТ Собранискиот канал со почеток во 18:30 минути.