Очигледно раководството на РК Вардар е максимално посветено околу заогружување на „ростерот“ за следната натпреварувачка сезона. После официјализиране на договорот на Марсениќ, за очекување е во најскоро време да потпише и Циндриќ, а по новиот договор со Душебајев денеска соработката со „црвено-црните“ ја продолжија уште Четворица стандардни ракометари.

Алем Тоскиќ и Филип Лазаров потпишаа нов едногодишен договор, Матјаж Брумен останува уште две сезони, а Стојанче Стоилов три сезони.

„На стабилноста на еден клуб се влијае и со задржување на костурот на тимот, на играчите кои и досега успешно настапувале, и со дополнување на дефицитарните места. Среќни сме што можеме да го потврдиме останувањето на овие четири ракометари во Вардар, со надеж дека таа соработка ќе биде уште подолга“ – изјави директорот Давор Стојановски за официјалната веб-страница на клубот.