Голманот на РК Вардар Арпад Штербик, кој што оваа сезона брани во фантастична форма, најави дека „Вардарци“ одат на победа и само на победа во дуелот против силниот Веспрем.

„Овој натпревар е исклучително важен. Ќе се обидеме да освоиме два бода бидејќи според тоа како играат нашите останати противници, ќе биде многу тешко да стигнеме до првото, или евентуално до второто место во оваа група. Токму поради тој податок, овие два бода би можеле да бидат исклучително важни“ – изјави Арпад Штербик.

„Ќе ни биде многу тешко, иако најверојатно нема да настапат комплетни се уште не се знае што ќе се случува со Ласло Наѓ. Веспрем во секој поглед има квалитетни поединци. Сезонава се непоразени и доста лесно триумфираат во дуелите од Лигата на шампионите и Сеха лигата“ – додаде Штербик