Прославениот германски ракометар, и едно од најдобрите светски крила во историјата на овој спорт, Стефан Кречмар, го даде своето мислење за македонската ракометна репрезентација.

„Го гледав натпреварот Македонија – Босна и Херцеговина“. Македонците се секогаш незгодни, неверојатна екипа. Мене не ми е јасно како тие победуваат. Играат со цело срце, го имаат веројатно најдобриот десен бек на светот во овој момент. Ја обожавам играта на Кире Лазаров, како само тој човек разбира ракомет. Голем суперстар. Нивниот голман воопшто не личи на спортист, но брани одлично, ме воодушевува. Останатите не се баш некои големи индивидуалци. Талентот им е ограничен, но секогаш во целост го пренесуваат на терен, даваат максимум. Играат со срце и максимално се борбени, се гледа гордоста во нивната игра“, изјави Кречмар.