Елена Ѓорѓиевска попладнево со својата екипа, романската Баја Маре, официјално ја започна новата сезона во ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција.

На домашен терен го пречекаа полскиот Љублин, кои го совладаа со 30:25. Нашата репрезентативка го заврши натпреварот со три погодоци од вкупно пет обиди кон противничкиот гол, а најзаслужна за оваа победа на Баја Маре беше Бразилката До Нашименто со шест гола.