По неделното гласање, во многу тесна битка со голманот на Вардар, Арпад Штербик ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ е играч на неделата (28.09.2015 – 04.10.2015).
Ракометар кој во измината недела уште еднаш покажа зошто е лидер на „плаво-белите“, во двата натпревари против Работнички во ВИП Супер лигата и против Елверум во Лигата на шампиони.
Резултатите од гласањето може да ги погледнете ТУКА.
За оваа недела очекувајте нови кандидати веќе во понеделник!