Ацо Јоноски заработи незгодна повреда уште во првото полувреме од натпреварот против Хрватска, стисна заби и продолжи да настапува и со повреден скочен зглоб, но последиците од лошиот доскок најмногу ги почувствува по завршувањето на натпреварот против „коцкестите“.
„Јоноски го доврши мечот против Хрватска, во текот на вечерта му беа ставани ладни облоги, но сепак на неговата нога има оток во пределот на скочниот зглоб. Врз него денеска ќе бидат извршени детални лекарски прегледи, Јоноски најверојатно ќе го пропушти денешниот тренинг, но се надеваме дека ќе биде во можност да настапи на утрешниот дуел против Австрија“ – изјави Никола Панчевски, директор на македонската репрезентација.
Извор: www.ekipa.mk