Македонскиот репрезентативец Аце Јоноски ја заврши својата авантура во Шпанија, по одигрување на последниот натпревар во дресот на својот клуб Лa Риоха која што славеше со убедлива победа над Хихон со 35-17.
беше испратен на величествен начин.
Нашиот репрезентативец очигледно во поминатите нецели 4 месеци во шпанскиот тим, оставил одличен впечаток на своите соиграчи. Доказ за тоа е неговото збогување по завршувањето на натпреварот, каде заврши на рацете на соиграчите и беше поздравен со силни аплаузи од публиката.
Која ќе биде следната дестинација во кариерата на Јоноски се уште не е познато, но повеќе од сигурно е дека тој повторно ќе ја продолжи интернационалната кариера.
Фото: cbclogrono.com