Столбот во одбраната на македонската ракометна репрезентација, Ацо Јоновски својата фантастична ракометна кариера ќе ја продолжи во шпанската АСОБАЛ лига, или поточно во редовите на актуелниот вицешампион Ла Риоха.
„Балкан-Хендбол“ пренесува дека доскорешниот член на Металург потпишал тримесечен договор со Ла Риоха, што значи дека искусниот дефанзивец ќе стане третиот Македонец кој ќе настапи во најсилната ракометна лига на Шпанија (По Кире Лазаров и Дарко Димитриевски).