Со почетокот во 19.00 часот, денес во спортска сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, ќе се одигра решавачкиот натпревар за второто место во овогодинешната македонска Супер лига меѓу екипите на Зомимак-М и Металург. Победникот на овој натпревар ќе биде новиот вице-шампион на Македонија, а со тоа и вториот учесник од нашата држава во следната сезона на СЕХА лигата.
Тимот на МакРакомет имаше можност да поразговара со десното крило на Металург, Дарко Џукиќ кој ни ги изнесе своите очекувања за овој натпревар.
„Сите мои очекувања се насочени кон една цел: победа на овој натпревар! Максимално и напорно се подготвувавме и не размислуваме во друга насока. Мислам дека ние сме психички и физички поспремни од нив и дека ќе покажеме дека го заслужуваме второто место на табелата, а со тоа и ќе обезбедиме настап во Сеха лигата“
Директен пренос од овој натпревар ќе има на МРТ Собранискиот канал со почеток во 19 часот.