Екипата на Кобленц го забележа четвртиот пораз по ред, на гостувањето кај Баер Леверкузен во рамките на првата германската „Бундеслига“ со 31-29.
Нашата интернационалка Ивана Саздовски, одигра одличен натпревар, постигнувајќи 11 погодоци, но сепак не доволни за нејзиниот тим да се врати дома со победа.
Втората македонска интернационалка од тимот на Кобленц, Матилда Атанасовска мечот го заврши постигнувајќи 1 погодок.