Викендов продолжија натпреварите од 12-тото коло од ВИП машката Супер лига. Во првиот натпревар се сретнаа екипите на РК Радовиш и РК Работнички. Улогата на домаќин на овој натпревар и припадна на екипата на Радовиш. Овој меч беше своевидно дерби на колото, помеѓу 2 екипи кои се борат за плеј-оф. Работнички, по поразот од Металург се наоѓа на 4-тото место, а Радовиш на 6-тото со 15 бодови.
Натпреварот заврши со триумф на Работнички со 2 гола разлика, во меч во кој гостите постојано беа во водство и го контролираа резултатот.

Во недела се играат два натпревари. Екипата на Пелистер ќе ја нагости екипата на Вардар Јуниор која е во борба за 4-тото место на табелата. Почетокот на натпреварот е закажан за 17 часот, а ќе се одигра во спортската сала “Младост” во Битола. Од овој натпревар ќе има директен пренос на МРТ1 со почеток во 17 часот. Вториот натпревар го играат екипите на ГРК Борец и РК Тинекс Пролет. Овој натпревар започнува во 19 часот, а домаќин е ГРК Борец и ќе се одигра во спортската сала “Гемиџии” во Велес.
Екипата на Металург заради обврските во Лигата на шампионите својот натпревар од ова коло ќе го одигра во текот на наредната недела.
Директни преноси од овие натпревари можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.