Ракометарките на Вардар ќе ја имаат таа чест први да го творат „црвено-црниот“ ракометен викенд. Во сабота, со почеток во 16:30, вардарки го играат реванш дуелот од четврт-финалето во Лигата на шампионите.

По најдобриот меч сезонава, а можеби и во изминативе 2 години, за разлика од пред 7 дена, Вардар сега влегува како фаворит. Победата од  разлика и тоа како  го става македонскиот првак во фаворитската улога.

Но работата ни од далеку не е завршена. За противник сепак е европскиот првак Ѓер, кој со каков состав и да настапува, е секогаш опасен противник, особено на домашен терен.

Се чини дека една работа е јасна како ден по одиграниот прв натпревар. На реваншаот само Вардар може да се елиминира. Видовме дека во овој состав, без Аморим и Горбич, Ѓер е целосно безопасен во позиционен напад. Значи, ако Вардар одигра со мал број на технички грешки и ако не му дозволи на домаќинот да ја развие убиствената контра, повеќе од половината работа е завршена.

Втората работа е играта во одбрана. Овој пат, покрај голманите, кои цела сезона се на врвно ниво, селата одбрана одигра феноменално. И сега, треба да се повтори играта од минатиот викенд. Особено е важно да се задржат ладни главите и да не им се дозволи на судиите од Полска, да судат лесни исклучувања за нашите ракометарки.

Од играчки аспект, нема што многу да се потенцира. Пенезиќ, Лекиќ и Лазовиќ е нашата прва и главна бековска линија. Особено е важна Лекиќ во транзицијата и нормално Пенезиќ во позиционен напад. Во двата правци на игра битни се и крилата, стандардно добрата Дембеле и Радичевиќ, чија форма е во нагорна линија. Радува и се подобрата игра на единствениот пивот, Алтхаус.

Се на се, не очекува тесен и незивесен натпревар. Со оглед на малиот број постигнати голови во Скопје, на Ѓер за пласман на Фајнал 4 турнирот ќе им биде потребна победа од дури 7 разлика, што сепак е исклучително тешко. Од друга страна и Вардар знаеше непријатно да изненади на гостувањата сезонава, но се надеваме дека лошите партии се зад нас.

Во сабота, спортскиот ден треба да ни започне со пласман на ЖРК Вардар на Фајнал 4 турнирот.

Со среќа. Македонија е со вас!!!