Македонската репрезентација денеска ќе игра против репрезентацијата на Чешка, во рамките од второто коло од групната фаза на ЕП во Шведска, Австрија и Норвешка.
Како и секој ривал, така и репрезентацијата на Чешка ќе проба да го запре Кире Лазаров. Тема на која која чешкиот селектор, Кубеш има дилема.
„Кога бев играч толку често се среќававме со Србија, сега како селектор ривал ни е Македонија. Мене лично ми е интересно, се гради интересна традиција од дуелите, има борба на терен, тактичко надмудрување … Ги победивме последниот пат, но тогаш го немаа Лазаров. Секој дуел е поинаква приказна, но едно е сигурно, ние ќе сториме сè за да дојдеме до победата. Една работа треба да се разбере, Лазаров има беспрекорна комуникација со остатокот од тимот. Затоа и имате дилема, дали да тргнете понапред за да ги затворите неговите шутеви. Затоа што ако го сторите тоа, голема е опасноста дека ќе ги разигра останатите и тие ќе ја добијат битката“ – изјави Кубеш.
Натпреварот започнува од 16:15 часот, со директен пренос на ТВ Телма.
Фото: Екипа.мк