Македонија ЕП 2020

Македонија вечерва не успеа да се одмазди на репрезентацијата на Чешка, за последниот пораз на Европското првенство пред две години. Туку спротивното, во еден неизвесен натпревар повторно загуби со конечен резултат 27:25.

Одигравме одлично прво полувреме во кое нашата одбрана беше на едно високо ниво, не дозволувајќи им на чешките ракометари да постигнат лесни погодоци. Брестовац одлучи овој натпревар да го започне со Борко Ристовски на голот, кој до 37-та минута имаше само 3 одбрани. Но, сето тоа добрата одбрана го камуфлираше тоа во првото полувреме, на кое заминавме со резултат 11:9.

За разлика од првото полувреме, второто полувреме го започнаа многу лошо. Уште на самиот стар дозволија на чесите да направат серија од 5-0 и да го свртат натпреварот во своја корист. По што следуваше тајмаут на македонскиот селектор, Данило Брестовац. Но, тоа не смени многу во нашата игра. Лесно се примаа погодоци, а во нападот голема пречка за нашите репрезентативци беше чешкиот голман Галија, кој блескашена голот и со 14 одбрани сосема заслуено беше избран за МВП на натпреварот.

Нашите ракометари се вратија резултатски во финишот, кога го израмнија резултатот на 22:22. Но, повторно во клучните напади, дозволија да примат лесно голови и не успеаја да го совладаат расположениот Галија. По што на крајот, на семафорот беше 27:25 и голема радост на чешките ракометари.

Најефикасни на натпреварот беа Лазаров со 11, Манасков со 5 и Георгиевски со 4 постигнати погодоци.

После овој пораз, едно е јасно: За пласман во следната рунда ќе мора во вторник да се совлада домаќинот Австрија!

Фото: Екипа.мк