Ракометарките на Металург се поразени со 26:17 во рамките на првиот дуел од третото коло од Купот на победниците на куповите од унгарската екипа на Сиофок КЦ.
Нашите ракометарки издржаа само во првото полувреме, каде резултатски се држеа, не дозволувајќи противникот да поведе повеќе од 2 гола, со што на одмор заминаа со резултат 10:10.
Во второто полувреме пресуди поголемото искуство на унгарките, кои уште на стартот на двапати постигна серија голови со кои се одвоија на недостижна предност, каде веќе во 48-та минута водеа со 21:13. За потоа рутински го завршат натпреварот со конечни 26:17.
Најефикасна во нашиот тим беше Сара Ристовска со 7 постигнати погодоци. Реваншот, односно вториот дуел меѓу овие две екипи се игра во недела од 18 часот.