Бојан Маџовски е левото крило на јуниорската репрезентација на Македонија и член на Металург 2. Разговаравме со Бојан, кој ни го пренесе неговото видување за можностите на новата генерација македонски ракометари, за неговите лични амбиции, за односот на теренот со брат му Борјан и многу повеќе.

bojan_madzovski

1. Бојан, кoј или штo е причинaтa зa дa пoчнеш дa се зaнимaвaш сo рaкoмет? Oд кaде љубoвтa кoн oвoј спoрт?
Татко ми ме насочи на овој пат, тој имаше голема љубов кон овој спорт.

2. Успеваш ли да ги избалансираш тренинзите и спoртскиoт нaчин нa живoт сo “нoрмaлниoт” живoт нa еден 20-гoдишник – излегувања, дружба, девојки? Сигурно е тешко, но врвниот успех бара откажувања. Се согласуваш?
За да бидеш успешен спортист мора да се откажеш од многу работи. Многупати не сум правел некој работи што во моментот сум сакал да ги направам, од причина што утредента сум имал тренинг или некој натпревар.

bojan_madzovski1
Име и презиме Бојан Маџовски

3. Играш на позицијата крило, што бара малку поинакви предиспозиции од сите останати ракометни позиции – брзина, скочност, широк репертоар на удари од мал агол. Според мене, тоа е најатрактивната позиција. Има ли играчи на крилната позиција кои ти се идоли т.е некој од кој учиш кој те инспирира да напредуваш?
Немам некој конкретен играч од кој што учам. Секогаш гледам од што повеќе играчи да украдам по нешто што мислам дека ќе ми помогне да напредувам, да станам уште подобар во она што го работам.

4. Можеше ли подобро да поминеме на ЕП за јуниори кое се одржа летово или воопшто пласманот на првенството е максимумот на генерацијата?
Не се согласувам дека пласманот на првенството е максимумот на генерацијата. Ова за сите нас беше едно прво големо натпреварување. Неискуството и недоволниот број на добри натпревари беа едни од причините за нашиот резултат.

5. Сега следат квалификациите за светското јуниорско првенство. Ќе одиме ли на Светското првенство во Бразил?
Морам да кажам дека сме во една од потешките групи, но ако добро се подготвиме за натпреварите што не чекаат и го изиграме најдобро она што го знаеме, имаме квалитет да одиме на Светското првенство во Бразил.

6. Се навикнавме на братски тандеми во репрезентацијата. Се надевам дека тој тренд ќе продолжи и со тебе и Борјан. Како се сложувате со Борјан на, но и надвор од теренот?
На теренот мојот брат Борјан ми е најдобриот колега. Тој секогаш ми дава совети, ми ги посочува работите каде што грешам. Секојдневно коментираме и разменуваме мислења за тренингот или на натпреварот кој поминал дента.

7. Жестока е конкуренцијата на твојата позиција и во првиот тим на Металург и во сениорската репрезентација. Манасков и Ојлевски постојано напредуваат и имаат уште долги години ракометна кариера пред нив. Те тера ли тоа дополнително да вежбаш и напредуваш, како би можел да се наметнеш и на тренерот, а и на селекторот?
Тоа за мене претставува поголем мотив да тренирам уште повеќе и да докажам дека можам да придонесам свој придонес за успех како на клупско така и на репрезентативно ниво.

8. Вo нaредниот период од тебе и твоите врсници се очекува да достојно ги заменети сегашните репрезентативци на Македонија, кои ги постигнаа најголемите успеси. Има ли новиот бран македонски ракометари сила и знаење за уште поголеми успеси?
Ќе кажам дека не треба да се плашиме. Има играчи кои достојно можат да ја заменат оваа генерација. Ќе дадеме се од себе да одиме само во нагорна линија и докажеме дека Македонија има квалитет и за поголем успех.

9. Следи СП во Катар. Како ги цениш шансите на нашата репрезентација на овој шампионат?
Имаме квалитет и мислам дека ќе се избориме за местото кое носи во Рио.

10. За крај, да видиме колку си добар прогнозер – твоја прогноза за распределбата на медали на ова СП и за пласманот на МК.
Според мене еден од главните фаворити е освојувачот на европското првенство, репрезентацијата на Франција.

Датум на раѓање 08.05.1994
Место на раѓање Скопје
Висина 184
Тежина 86
Позиција на која настапува Лево крило
Прв клуб
Металург
Сегашен клуб
Металург
Кога не би бил ракометар би бил Војник