За денешниот натпревар од Лигата на шампиони, Раул Гонзалес е свесен за тежината на натпреварот и знае дека Вардар не смее да го потцени противникот.
„Играме многу важен натпревар на домашен терен. Веспрем е недостижен на првата позиција, но ние треба да дадеме се од себе за да го освоиме второто место” – изјави Раул Гонзалес.
„Играме против Целје кој игра во многу добра форма, го победија Рајн Некар со пет гола разлика. Играат одлична одбрана и многу се брзи од контри. Имаат одличен плејмејкер кој го разигрува целиот тим, па мораме да бидеме на висина на задачата за да дојдеме до победа, мора да одиграме добро во одбраната и да ги спречиме нивните контранапади” – дополни Гонзалес.