КОНЕЧНО! ! !
Да конечно, видовме вистинско дерби ко што доликува … можеби видовме просечна игра на теренот, но се гледаше желбата на двете страни за надигрување.
Натпревар во кое за прв пат видовме од двата тима една коректна игра, без никаков инцидент во играта и најважно од се без ниедна повреда го завршија натпреварот. Натпревар во кое можеби салата Борис Трајковски не беше исполнета до последното место, но двете навивачки групи „Пирати“ и „Комити“ одлично го покрија тоа, и низ целиот натпревар коректно ги бодреа своите клубови.
Дерби во кое играа многу македонски репрезентативци, кои веќе во Јануари ги очекува Светското првенство во Катар. Ракометари кои на вчерашниот натпревар ја покажаа својата форма и ни влеја надеж дека можат да се изборат за што подобро место, кое ќе не води на Олимписките игри во Рио. Но, отом потом за тоа…
Сакам да ја истакнам одличната форма на Филип Миркуловски, кој во последните натпревари изигра брилијантни партии. Со неговата одлична прегледност на теренот и неговите брзи продори, завршуваше со добри асистенции и одлични погодоци.
Од спротивната стана, формата на Немања Прибак иде во нагорна линија, иако нема многу голема минутажа, тој максимално го искористува добиеното време и покажува зошто е дел од вицешампионот Вардар и дел од македонската репрезентација.
Наумче Мојовски, полека се враќа во добро посакуваната форма после тешката повреда за кој сите добро знаеме. Тешко му иде, но се виде на последните два натпревари неговата форма, која ветува многу за СП во Катар.
Најмногу од се ме радува, тоа што добивме добар Пикер. Поточно, ние од секогаш сме го имале… Никола Марковски… само не му се давало шанса да покаже што знае и умее. Тој по заминувањето на странците од Металург, доби поголема минутажа, како во одбрана, така и во напад, со што не изненади сите. Одличен во одбраната, но сега и во нападот блескаше… одлични блокови и најбитно од се реализаторски прецизен. Пикер кој достојно ќе му помага и заменува на веќе докажаниот наш кружен напаѓач Ванчо Димовски.
Ренато Вугринец, не многу забележителен на последните натпревари, неговата форма не е на највисоко ниво. Но, покажа дека е спремен да му помогне на нашиот капитен Кире Лазаров, спремен во смисла, да го заменува достојно додека Кире одмара.
Петар Ангелов-Диви блескаше на голот со одлични 19 одбрани, со што се чини ја разреши дилемата кој ќе му прави друштво на Борко Ристовски на голот. Нашите одбранбени столбови Ацо Јоновски и Велко Марковски, секогаш спремни и гладни за натпревари, спремни го чекаат СП во Катар.
Ќе завршам можеби со најбитните … младите ракометари кои ја претставуваат светлата иднина на македонскиот ракомет. Филип Талевски, од натпревар во натпревар по самоуверен и храбар, го покажува својот несомнено одличен квалитет. На овој натпревар ме израдува што за прв пат се виде дека со желба и страст игра за својот клуб, особено по вториот негов постигнат гол каде дојде до израз.
Дејан Манасков, млад талентиран ракометар кој имаше и падови во последниве натпревари, но полека сигурно се враќа во добро посакуваната форма, што заедно со Гоце Олјевски ќе бидат незапирливи на левата крилна позиција. Мартин Неловски и Мартин Манасков конечно добија и тие минутажа, кои одлично ја искористија и покажаа дека македонскиот ракомет допрва ќе ги очекува новите успеси.
Ивица Обрван може да биде среќен за формата на сите наши репрезентативци, но му останува уште дилемата кој да одбере за позицијата десно крило. Го има Гоце Георгиевски, кој очигледно не е во форма, но сите се надеваме дека за овој неполн месец ќе се врати на добро посакуваната и претпознатлива форма. Не знам кој ќе го одбере, но би бил среќен ако го земе десното крило Никола Костески од Металург 2, ракометар кој сезонава одлично игра во нашето првенство и е меѓу првите стрелци.
Останува да почекаме уште месец дена, месец во кој искрено верувам во оваа генерација ракометари кои ќе не израдуваат и направат тој историски момент, пласман на ОИ во Рио, Бразил.
Автор на текстот е @topanskoboy