Во пресрет на вечерашниов меч, тренерот на Вардар, Раул Гонзалес еве што изјави:
„Ќе играме уште еден меч во СЕХА-лигата, ова е последен натпревар на домашен терен за оваа година и затоа мора да биде добар натпревар. Ни треба помош од играчите како Стефан (Терзиќ) и сите оние што ќе добијат шанса, бидејќи екипата мора да биде подготвена за февруари, кога ќе продолжи сезоната. Борац има само четири бода, но и покрај тоа играат многу добро, подобро околку бодовите што ги имаат. Имаат добар пикер, Николиќ, Обрадовиќ е добар на бековската позиција. Ќе биде грешка ако ги потцениме и влеземе опуштено на оваа средба. Ние можеби сега играме добро, но ништо не е гаранција дека ќе победиме без да одиграме како што треба. Се наоѓаме во одлична позиција во СЕХА-лигата во моментов, но овие три бода ќе ни бидат потребни пред гостувањето кај Нексе каде што ќе ни биде потешко.“ – изјави Раул Гонзалес на денешната прес-конференција.