3. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометари чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено не интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
Немам некој посебен идол, но ги пратам повеќето квалитетни играчи кои играат на иста позиција како мене. Се обидувам да го извлечам најдоброто од нив и да го применам, но кога веќе би требало да издвојам, би го издвоил Ренато Сулич.
4. На клупски план, дел си од екипата на Тинекс Пролет. Каква е атмосферата во тимот? Кои се твоите очекувања за сезонава?
Тинекс Пролет просечно е една од најмладите екипи во лигата, спој на младоста и талентот. Рано е да се каже за очекувањата, долга е натпреварувачката сезона. За нас најбитно е да тренираме во полна пареа, а резултатите ќе си дојдат сами по себе.
5. Вардар и Металург се апсолутни фаворити сезонава, но дали мислиш дека со овој состав на Тинекс Пролет, ќе може да се избори за фајналфорот во кој би ги замрсиле пресметките на струмички Зомимак М и завршите како трети?
Со напорна работа и максимална борба во секој натпревар, се надевам дека ќе се избориме за високото трето место во македонската Вип Супер лига.
6. Пред некој ден имавте можност да играте против големиот Веспрем. Потег за почитување од двете страни за ваквиот натпревар. Како беше чувството да играш против нив?
Прекрасно е чувството да играш против своите идоли и против една од најдобрите екипи во светот. Секако тој натпревар за нас е искуство плус, кој ќе ја подигне самодовербата на целата екипа. Голема благодарност до управниот дел на Тинекс Пролет кој ни овозможи ваква пријателска утакмица од соништата.
7. Што мислиш за македонската публика?
Една и единствена… Кога е најтешко те бодри, кога е најпотребно те мотивира.
8. Што може да изнервира најмногу за време на натпревар?
На секој натпревар играчите треба да останат сконцентрирани на играта и да не паднат под влијание на публика, судии итн.
9. Ако дојдеме сега кај тебе дома и го отвориме фрижидерот, што ќе најдеме во него? :-)
Од пиле млеко :D хаха
10. Можат ли македонските ракометни фанови да бидат мирни кога е во прашање иднината на репрезентацијата? Имено, вo нaреднивте 2-3 гoдини oд тебе и твoите врсници се oчекувa дa бидете клучни игрaчи вo мaкедoнскaтa рaкoметнa репрезентaцијa, па не интересира дали сте подготвени за предизвикот?
На нас младите останува да тренираме напорно, а на фановите останува да веруваат во нас.
11. Следи СП во Катар. Како ги цениш шансите на нашата репрезентација на овој шампионат?
Мислам дека Македонската репрезентација за ова СП е во најдобра форма, се надевам на 3 до 8 место.
12. За крај, да видиме колку си добар прогнозер – твоја прогноза за распределбата на медали на ова СП и за пласманот на МК.
1.Франција
2.Шпанија
3.Данска
7.Македонија
|